Во Македонија се јаде најмалку месо во цела Европа 

Веб-страницата Landgeist Map објави интересна мапа на Европа на која се прикажани податоци за потрошувачката на месо по земји.

Она што тие го истакнаа е дека во овие податоци не се вклучени рибите и морските плодови како месо.

Шпанија е на прво место со 99 килограми месо годишно по жител. Второто место го зазеде Португалија со 95 килограми, додека на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител. Интересно е да се забележи дека овие земји се и најголеми потрошувачи на морска храна во Европа.

Земјите кои консумираат најмалку месо се Турција, Албанија, Молдавија и Северна Македонија со 39 килограми месо по жител годишно.

Кога станува збор за земјите од регионот, интересен е податокот дека најголема потрошувачка на месо имаат граѓаните на Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа следат граѓаните на Црна Гора со 78 килограми и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србија е нешто поблиску до Босна и Херцеговина во однос на потрошувачката на месо, каде што еден жител во просек јаде до 56 килограми месо годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons