Грипот и ковидот и оваа сезона опасни за хронично болни 

Пациенти завршуваат на оддели за интензивна нега поради компликации од грип. За влошување на состојбата една од причините е и невакцинацијата, велат лекарите. Бројките на заболени од овој вирус не се високи, но и понатаму е ризичен и опасен за оние кои се возрасни и имаат повеќе хронични болести. Последната статистика за грипот е дека има околу 550 заболени досега што е повеќе од истиот период лани, но се уште под границата за сезонска активност.

–Се уште не бележиме големи бројки на сезонски грип ниту во амбулантите ниту во хоспиталниот дел. Но тие постојат, ние имаме пациентка на Интензивна нега која е интубирана поради компликации од грип со сериозен наод и проблеми на белодробието, вели д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.

По завршување на пандемијата и тешките три години, многу ретко се зборува за ковид 19, но тој и понатаму постои и е ризик за лицата со хронични болести, велат од Инфективна. Во моментот на клиниката има пет пациенти поради компликации од вирусот кој пред три години го затвори светот. Статистиката покажува дека нема многу заболени односно, минатиот месец биле регистрирани над 220 заболени од кои повеќе од половината биле над 60 годишна возраст и повеќето завршуваат во болница.

-Да, тоа се пациенти кои се повозрасни, пациенти со многу други заболувања па тежината на ковид 19 врзана со нивната хронична болест прави тешки клинички слики, вели д-р Стевановиќ.

Вакцинацијата е спасот од спречување на компликации, велат лекарите. Заштита од грип досега имаат над 57 000 грашани, додека пак, за ковид по завршување на пандемијата ретко кој ги посетува вакциналните пунктови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons