Војна и мир
Два словенски народи, претежно православни војуваат повеќе од еден месец, што не е непознато во поновата историја. Поводите се различни. Често фиктивни. Последиците се видливи. Целта е иста. Жртвите се исти и не се бројат, посебно не цивилните. Стратегиите, проценките и тактиките често се погрешни. Целта е важна. Војните не ги менуват менталитететите на владарите. Посебно не желбата за моќ (Ниче). Се менуваат границите, за жал и после Хелсинки. Понекогаш без војни, како под непознати, до крај, околности, кога рускиот монарх пред 150 години расположен (дипломатски синоним за пијан) ја продал Аљаска (најголемата американска сојузна држава) за вредност од два стана, на Водно на бегалецот во Будим. Во исто време Грофот од Јасна Пољана, инспирисан од книгата на Французот П. Прудо (“La Guerre et le Paix”) ја пишува и објавува својата книга под исто наслов “Војна и мир” единствено милитаристички гледано историја на инвазијата на Наполеон на Царска Русија, со погрешна проценка дека ако ја освои Москва, руското царство ќе биде уништено. Грешка која ја пофтори и несудениот австриски сликар. И Берлин падна, но Германија привремено поделена, за време на “обележениот” Горбачов се обедини, најголема економска сила во Европа. Освоените метропололи менуваат власт. Останатите промени се привремени, односно не трајат историски гледано долг период. Во Белград се смени власта, но не и незајажливоста за владаење на наследниците по испробаната метода, која на Балканот е посебно популарна.
Војните го менуваат светот. Зборот “свет” на рускиот јазик е синоним и не значи единствени мир, туку и свет. Светот се менува , ама не и филозофијата на владателите. Мудриот Толстој, појдувајќи од идејата дека неговата книга од насловот не е само хроника на почетокот на 19 век, туку и филозофска расправа около синонимот на зборот свет со автетична фикција и вистински настани, ламентира на тема дали во војните има мир или за него се размислува, или во мирот има војни кои ние еуфемистички ги нарекуваме кризни жеришта или локални војни кои по време на траењето и милионските загинат ги надминуваат жртвите од , за сега, двете световни војни. Во третата војна нема кој да ги брои жртвите.
Војната во Украина или ткн. специјална воена операција нашава држава ја пречека како членка на НАТО и со жена министер воени, како и претходната дама со која влеговме во НАТО, и двете мајки, покажаа машка одлучност за лојалноста спрема Алијансата која ја брани демократијата “Around the World”, при тоа со типични дамски манири и мачо изјави несоодветни на нашиот инсталиране воен и политички капацитет. Веднаш да нема недоразбирање. Никој не за војна. Проблемот е што непотребно се создава кај нас атмосфера на филоантлатзизам , наспротив русофобизамот, при што првиот атрибут подразбира либерализам или хибридна варијата- неолиберализам како доминантна докртирина (Ф.Фукујама), а вториот автократизам, или путинизам. Оваа неаргументирана поделба кај нас е без никаков основ. Ниту сме ние демократска држава со либерален систем нити сме пак инспирирани со неков панславизам, геостратешка филозофија која никогаш, а посебно сега, не била основа на руските геостратешки позиционирања на таа основа. Докази има многу. Руското влијание кај нас се предимензионира.
Нашата ориентација да бидеме членка на НАТО може да се разбере. Тука нема ништо спорно. Преспанскиот договор тоа го овозможи. Задоволни Грци. Заборавени нашинци.Задоволна и Бугарија и инспирирана настојува да го анексира Договорот за пријателство. Задоволна е воената Алијанса позицирајќи се дефинитивно на југо-западниот Балкан, со три робусни воени сили. Незадоволен е делот од опозицијата, за која Преспанскиот договор е издајство. Мала е веројатност, да доколку дојде на власт, да се обиде да го ревидира (to late). Посебно е депримиран екс министерот
Н.Димитров, кој не учествуваше, од оправдани причини, на последните евроатланстски меропријатија во Брисел по повод војната во Украина, што коинцидираше и со двогодишното наше членство во Алијансата, при што дел од нашата делегација не можеше да го погоди обележениот влез во одаите на главната квартира на НАТО во Брисел. Ништо невидено. Во време на претседавањето на Австрија со ЕУ (2006) присуствав на сцена кога втората по ранг дипломатка која ја придружуваше ткн. амбасадорка, при влезот во Ausswaertiges Amt (МНР) не знаеше каде е собата за чекање (Warteraum), што покажува дека кариерната дипломатка којa тогаш веќе две години беше во Амбасадата, не влегла во австриското МНР. И покрај тоа таа си продолжи со својата дипломатска кариера, додека амбасадорката играше само едно лето, што кај нас е најчест случај. Вакви настани се како создадени за екцентричниот Димитров, кој секако на собирот би се чувствувал како добитник на Оскар за одлично одиграната епизодна улога на брегот на поделеното ни езеро. Но, има време за радување.
На нашата влада нема што да и се забележува за своето однесување во врска со нашето позиционирање. Ние немаме втор избор. Но можеме да имаме друг вокабулар, посебно поради информациите кои ги добиваме исклучиво од разознувачите од државите членки на НАТО. Ако знаевме (Пендаровски) уште лани пред Митровден дека Русија ќе ја нападне Украина, зошто во Москва не испративме амбасадор или во Киев да макар еден безбедоносно обучен дипломат. Ние во тоа време се бавевме со протерување на руски дипломати поради недозволени активности, што финишираше вчера, во сред војната во Украина, со протерување на уште петмина руски дипломати поради исти причини како и првите двајца. Нормално е Москва да реагира. Можно е именуваниот наш амбасадор на кој му е одобрен агреман да не отпатува за Москва, бидејки руското МНР и нема кого веќе да протера, освен него лично, посебно поради нашиот третман на рускиот амбасадор Баздникин. Тоа пак може да води кон евентуален прекин на дипломатски односи. Обично за тајмингот за протеривање се бира момент на некој вид на реципроцитет. Ние го избравме погрешен тајминг, мотивирани од следењето на Полска и тоа во време кога Русија е во војна со Украина и не анализирајќи ги руско-украинските-полски односи во двата претходни векови. Сега преокупирани со напредокот во односите со Бугарија покажуваме непотребно лакејство. Секоја сериозна држава ги следи активностите на странските дипломати, собира информации, документација која се дополнува и држи во архиви, чекајќи време да се активира, односно некој дипломат биде прогласен за непожелна особа. Зачудува фактот што официјално не е објавено дека било кој друг дипломат, освен руските е протеран од државата за истите дела како руските дипломати. Небаре останатите се светци и ги интересираат само информациите за цените на зеленџук на македонските пазари.
Ние требаше достоинствено да се поставиме како членка на НАТО во војната во Украина. Добро почнавме со гласањето во ОН и целосно прифаќање на сите видови на санкции спрема Русија. Тоа беше доволно. Сите останати непотребни изјави како поддршка на казнувањето на Русија од страна на НАТО и ЕУ беа беспотребни. Нам не ни носат ништо. Нашето влијание е лимитирано. Погрешно е што војната во Украина ја користиме за кукулекање на ЕУ поскоро да не прими во ЕУ, бидејки во спротивно постои безбедоносни ризик и за Западниот Балкан. На маките на Украина бараме забрзување на процесот за нашиот старт за преговори со ЕУ, кои од познати причини Брисел ги игнорира. Наместо да се концентрираме на поствоенитот период, кој верувам скоро ќе започне, со изненадувачки исход на војната во која имаше непотребни жртви и девастирана земја, ние ламентираме на тема како мошне брзо се уверивме во бенефитот од членството во НАТО и што би не снашло да не беше така. Ние секако немавме друг избор. Но дали мораме беспреговорно да го следиме американскиот претседател Бајден, посебно личните дискфалификации на рускиот претседател Путин. Впрочем и Макрон и Шолц се оградија од вокубуларот на Бајден. Ние не треба да создаваме навивачка атмосфера за еден или втор систем. Руските политичари,воени аналитичари и филозови секако добро ги проучиле делата на Ф.Фукујама, делот за либерализмот (крај на историјата) и неолиберализмот, а посебно за вилсонизмот како дел од сегашната надворешна политика на САД. Модерна Кина
покажува дека политичкиот систем не одлучува за просперитетот на нацијата , туку начинот на менаџирање на државата, кој ги има сите атрибути на либерализмот. Оттука и мудрото позиционирање на Пекинг за војната во Украина, а кинеските аналитичари добро ќе ја проучат и поради нивното идно поставување во своите
надворешнополитички чекори. Не смееме да ја пофториме грешката со признавањето на Тајван и протерување на кинеската амбасадорка.
Повеќе на libertas.mk