МакедонијаНајново

Возач излета од автопатот Тетово-Скопје, автомобилот превртен: камион и автомобили запреа по несреќата

Автомобил излетал од коловозот на автопатот Тетово–Скопје, поради што сообраќајот во моментов се одвива само по една сообраќајна лента.

Според првичните информации, на местото на несреќата е запрен и камион, но засега не е познато дали дошло до контакт меѓу него и автомобилот што излетал од патот.

На местото се запрени и повеќе возила кои се движеле пред и зад автомобилот што учествувал во несреќата.

Во моментов нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица. Се очекуваат детали од Министерството за внатрешни работи. објави Скопје1.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons