Возачот на камионот кој предизвика сообраќајка на скопската обиколница оди во притвор
Определен е притвор за осомничениот кој вчера ја предизвика стравичната сообраќајка на обиколницата.
Судија на претходна постапка доцна синоќа му определи мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.
Мерката притвор е донесена на барање на надлежното јавно обвинителство по спроведениот распит во судот.
Во страотниот судир што се случи во близина на клучката Мирковци, загинаа вкупно четири лица. Возачот има 76 години и е косовски државјанин.
Осомничениот 76-годишник, информира ЈО, управувал камион МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
Во несреќата загина баритонот Ристе Велков, неговиот син Адам и уште две млади лица.



