Актуелно

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов

Засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

Од 3 до 9 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли низ патиштата, со посебен фокус на возачите кои ја надминуваат дозволената брзина.

Од МВР потсетуваат дека прекумерната брзина е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со сериозни последици. Со зголемувањето на брзината се намалува и можноста возачот навреме да реагира во критична ситуација.

Од полицијата апелираат до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила.

„Намали брзина. Спаси живот“, порачуваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons