Свет

(ВИДЕО) СО АВТОМОБИЛИ, МОТОРИ, КАМИОНИ ИЛИ ПЕШ: Палестинците бегаат од Газа

По наредбата на израелската армија денеска  има масовен егзодус од северна Газа.

Израелската армија им нареди на жителите да се евакуираат во јужниот дел од енклавата, во наредбата без преседан пред очекуваната копнена офанзива против владејачката милитантна група Хамас.

Илјадници Палестинци, кои живеат на северот на територијата од 362 квадратни километри под контрола на Хамас, ја напуштаат со автомобили, мотори, камиони или пеш, пишуваат француските медиуми.

„Заборавете на храната, струјата, горивото. Единствената грижа сега е дали ќе преживеете“, изјави Небал Фарсах, портпаролка на палестинската Црвена полумесечина во градот Газа.

https://twitter.com/SkyNews/status/1712805321163301242?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1712805321163301242%7Ctwgr%5Ee285b8dad3e58f06719c10d6b47c0846a4e5dc42%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https://faktor.mk/video-so-avtomobili-motori-kamioni-ili-pesh-palestincite-begaat-od-gaza&mibextid=Zxz2cZ

ОН предупредија дека ќе биде катастрофа да избегаат толку голем број луѓе во толку кус период, затоа што наредбата се однесува на околу еден милион луѓе, или половина од населението во Газа.

Хамас ја отфрли израелската наредба за евакуација како измама и ги повика жителите да останат во своите домови.

Хамас во саботата почна со напади на Израел.

Фото: Економист

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons