Македонија

Вечерва почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Земјотрес со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во скопското епицентрално подрачје, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Потресот бил почувствуван во 21:54 часот од жителите на Скопје и околината.

Според Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons