Вардар се засили со дефанзивец од Брегот на Слоновата Коска
Фудбалскиот клуб Вардар денеска потврди ново засилување, се работи за централен дефанзивец, Сирики Дијабате.
Тој е 23-годишен фудбалер кој доаѓа од катарската втора лига. Претходно настапувал за Ботев Пловдив.
Дијабате е централен дефанзивец кој е висок 192 сантиметри. Доаѓа на местото на Дарко Велковски кој го напушти Вардар.



