Бугарите сакаат да постават спомен плоча на Гоце Делчев во Грција

Бугарските власти со Грција договараат поставување на спомен-плоча на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница во Грција, каде тој загинал во 1903 година.

Како што јавува БГНЕС, бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу изјавил дека Бугарија ќе поддржи иницијатива за поставување спомен-плоча на Делчев во Баница. Кажа дека двете држави ги оставиле настрана сите противречности во минатото и во моментов биле модел и пример за стратешко партнерство и разбирање. 

Екс амбасадорот во Софија Марјан Ѓорчев вели дека Македонија треба да се заложи во родниот Кукуш на Делчев да му се изгради спомен куќа или да се обнови неговата родна куќа.

Гоце Делчев се борел за слободна Македонија и тој многу повеќе е важна личност за нашата држава, отколку за Бугарија, нагласува Ѓорчев за Плусинфо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons