Бразилците треперат, Нејмар се повреди (ФОТО) 

Не е сè така среќно за Бразил по победата над Србија, Нејмар го повреди зглобот, нејасно е дали ќе го продолжи првенството. 

Нејмар од игра излезе во 79. минута, седна на клупата, ја покри главата со дресот и кај него пристигна лекар кој му го проверуваше десниот зглоб. Нејасно е дали се работи за сериозна повреда или е само болка од обичен удар. Додека не се дознае тежината на повредата на Нејмар, Бразилците ќе треперат, тој е главниот играч на репрезентацијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons