Болницата Козле преполна со болни деца 

Нема слободен кревет за хоспитализација во детската болница во Козле. Капацитетот им е исполнет со 70 деца од кои три на кислородна поддршка поради компликации од респираторни инфекции.  

Пневмонии и ларингити се најчестите дијагнози кои во установата завршуваат и со заобиколување на матичните педијатри. Викендот ако имаат пациенти за болнички престој ќе ги препраќаат во Клиниката за детски болести.

-Еден апел до лекарите и од внатрешноста да ги прифаќаат децата во тамошните установи и само оние кои треба да бидат препратени кај нас да ги пуштаат за да не мораме да ги затвораме капацитетите во болницата, вели Д-р. Драган Дацевски од детска болница Козле.

За родителите не се проблем само гужвите во амбуланттие или немањето место за хоспитализација, туку и терапијата што е неопходна за нивното дете. Ако педијатарот за кашлицата задолжително препорача инхалирање со кортико препарати, нема каде да ги купат. Во аптеките во земјата ги нема и затоа се снаоѓаат од Косово, Грција и други соседни земји. 

-За овие препратати кои се проблем иамаме и реакции од родители кои се нервозираат кон нас, друга замена со таков состав нема..користат некои дексазон меѓутоа поради неговите странични ефекти не е препорачан посебно за мали деца, вели Д-р. Дацевски.

Скопската магла и загадениот воздух дополнително ја комплицираат состојбата со децата кои имаат хронични заболувања и затоа препораките на педијатрите се што почести прошетки на планински места. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons