Спорт

Арсенал е шампион на Англија, топчиите по 22 години се вратија на тронот

Манчестер Сити киксна на гостувањето кај Борнмут каде одигра 1-1, а тоа значеше шампионска титула за Арсенал на едно коло пред крајот на Премиер лигата.

Момците на Пеп Гвардиола мораа да победат за да ги задржат шансите за титулата, но тоа не се случи.

По 22 години Арсенал повторно е шампион на Англија. Микел Артета го донесе големиот трофеј во Северен Лондон.

Борнмут поведе со гол на Крупи во 39. минута кој прекрасно пласираше во мрежата на Донарума. Манчестер Сити изедначи дури во 95. минута од натпреварот преку Халанд. Немаше време за комплетен пресврт.

По ова коло Артета може со комбиниран состав да настапи во последниот меч од Премиер лигата и мислите да ги насочи кон финалето од Лигата на шампионите.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons