Активиран аларм го испразни „Ист гејт мол“
Посетителите на скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар.
– Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар, велат од Министерството.
Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушнале аларми.



