МакедонијаНајново

Автобус излетал од патот во Тетовско — полицијата го бара возачот

Автобус излетал од патот денеска во близина на Стенче, објави Тетово Инфо. Според првичните неофицијални информации возилото било празно, немало патници во моментот на незгодата, а возачот го нема.

Од СВР Тетово велат дека настанот не е пријавен во полиција, но службеници се излезени на терен и се во потрага по возачот бидејќи е направена штета на банкината. Среќа што автобусот бил празен и најверојатно се работи за општински.

СВР Тетово работи на расчистување и откривање на причините на несреќата. Селото Стенче припаѓа на општината Брвеница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons