Спорт

Љубомир Спасиќ донесе бронза за Македонија на Светското првенство во кајак спуст на диви води

На Светското првенство во кајак спуст на диви води на реката Врбас во Бања Лука, Босна и Херцеговина, македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ се закити со бронзен медал.

Во категоријата Мастерс+35, членот на Кајак Кану Клубот Арка-Борец дод Велес беше третопласиран со време од 17:01.64.

На првото место се најде Шпанецот Гиљеромо Фидалго Де Леон, а на втората позиција се најде Давиде Макањан од Италија.

– Горд сум што повторно ја претставував Македонија на светската сцена и што успеав да се искачам на победничкиот подиум меѓу најдобрите кајакари во светот! Секоја капка пот, секој тренинг и секоја борба на патеката вредеа за овој момент. Ова 3то место е за Македонија, моето семејство, за мојот клуб, и сите што веруваат во мене! – се зборовите на Спасиќ.

Во класик индивидуален настап на патеката долга 5,5 километри, Спасиќ се најде на 33 место во сениори, Благој Гугинов на 41 место и Александар Златаров на 52 место.

Во тимскиот настап македонската сениорска репрезентација се пласираше на одличното 11 место во светска конкуренција.

Во конкуренција од 70 кајакари од 30 земји учеснички од пет континенти, натпреварувачите на Кајак Кану Клуб Арка-Борец Велес настапија и во дисциплината спринт каде Гугинов се пласираше на одличното 20 место, Спасиќ се најде на 29 место, додека Златаров на 38 место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons