Спорт

Расел најбрз на спринт трката за Големата награда на Канада

Британскиот Формула 1 возач Џорџ Расел во Мерцедес ја искористи најдобрата стартна позиција и победи на спринт трката за Големата награда на Канада во Монтреал.

Расел низ целата трка, во текот на 23 круга, беше на водечката позиција и славеше пред својот сонародник Ландо Норис, актуелниот светски шампион, кој му го донесе второто место на Мекларен.

Втората стартна позиција пред спринтот ја држеше актуелниот лидер во генералниот пласман Кими Антонели, но за време на трката младиот 19-годишен Италијанец двапати испадна од патеката, и тоа Норис го искористи и го освои второто место.

Зад третопласираниот Антонели, возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го освои четвртото место, а по него следуваа возачите на Ферари, Шарлс Леклер и Луис Хамилтон.

Антонели и натаму води во генералниот пласман со 106 бодови, додека второпласираниот Расел сега има 88. Леклер е трет со 63, додека Норис е четврти со 58 бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons