Европратеници: Путин го уценува светот со храната 

Рускиот претседател Владимир Путин го уценува светот со спречување на снабдувањето со храна, соопштија пратеници во Европскиот парламент.

„Соочени сме со закана за нестабилност на снабдувањето, не мислам само на Украина туку и на северна Африка. Путин го уценува светот со тоа што сака да спречи пристап до житарките“, кажа претседателот на Одборот за земјоделство на Европскиот парламент Норберт Линс на седница во Стразбур.

Тој смета дека војната во Украина покажува дека европските вредности и слободи не треба да се земаат здраво за готово. Истакна дека Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) се покажала како ефикасна за време на војната во Украина.

„Иако ЗЗП се смета за тешко болна, се покажа во кризните времиња. Многу брзо успеавме да пружиме помош и да усвоиме мерки за зголемување на производството во оваа година, а ако ни успее и во следната“, истакна тој.

Заедничката земјоделска политика е една од првите заеднички политики на Европската Унија. Основана е во 1962 година со цел поддршка на земјоделците и подобрување на земјоделското производство, обезбедување стабилно снабдување со храна и овозможување европските земјоделци да заработуваат доволно.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола кажа дека во светот во моментов има недостиг од храна.

„Трговијата со житарки е погодена поради војната во Украина. Немаме алтернативни патишта за превоз од Украина, што доведе до пораст на цените и нестабилноста. Се врши голем притисок врз снабдувањето со храна во светот“, кажа таа.

Францускиот министер за земјоделство Марк Фресно кажа дека „храната не смее да се користи како оружје“ и ги осуди потезите на Русија. „Ги осудуваме уцените по нашата безбедност кога земјоделството и храната се користат како оружје. Мораме да произведуваме на сопствено тло, а не да зависиме од увоз“.

Русија и Украина заедно извезуваат 29 отсто од светските житарки, главно преку Црното Море. Киев тврди дека руската морнарица ги блокира украинските пристаништа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons