МагазинНајново

Денеска сончево со температури до 40 степени – еве кога да очекувате дожд!

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. В недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons