Во вторник ќе биде донесена одлука за формирање на училишната кошничка
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе се донесе како одлука – рече Мицкоски при посетата на Прилеп, каде што изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“.
Мерката исто како и минатата година, ќе ги опфати основните училишни материјали што најчесто се купуваат пред почетокот на учебната година, меѓу кои ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, блокови, како и материјали за ликовно и техничко образование.
Со владината мерка се очекува да се намали финансискиот товар за семејствата во периодот пред почетокот на учебната година, кога трошоците за опремување на учениците традиционално се зголемуваат.



