Актуелно

43 случаи на западнонилска треска: Први случаи во Центар и Чаир, вирусот потврден кај мртов гавран

Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест.

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, информираше денеска министерот за здравство.

Од нив 40 се дефинитивно потврдени додека кај три случаи потврда има со еден тест.

-Бележиме први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Започна контролата и на птици. Имаме мртва птица со потврдена западнонилска треска во Скопје, гавран, истакна Клековски.

Министерот додаде дека во скопскиот регион има 34 ризични подрачја, од кои 13 се високоризични.

Застоеност на вода и високо ниво на органска материја се двата критериуми за ризични подрачја.

– Значи, река која е проточна, која има риби во нејзе, самата по себе не е ризик. Бидејќи чим е водата проточна, ризикот од ларви е помал, а ако има жив свет, риби, нема многу органска материја и распадни материи, а и рибите се хранат со ларви. Водата треба да е застоена и да има отпад во таа вода. Примерите на високоризични води се генерално каналите за наводнување во Скопско Поле. Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите во Илинден, Стајковци и Сингелиќ во Гази Баба, главниот канал во Илинден на Скопско Поле, каналите во Драчево, Батинци и Студеничани, истакна Клекоски.

Како визок ризик, подвлече тој, се и септичките јами.

– Улиците и населените места со голем број септички јами влегуваат во висок ризик. Гробишта, заради застоената вода во вазните и присуството на органски материјали во нив. И третата група се отпади за стари гуми или генерално старите гуми. Старите гуми и отпадите за стари гуми, ако не се соодветно чувани, се идеални престојувалишта за комарците, додаде министерот.

Тоа, според него, е видливо и е помалиот дел, но, поголем дел се малите работи како расипани хидранти, скршени јавни чешми, саксии со цвеќе што се чуваат надвор, стари буриња со дождовница…

Правилното наводнување, односно прскање на парковите, министерот Клековски, истакна дека не е ризик, но ако се остави цревото и се поплави подрачјето, може да биде ризик

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons