ЈО: Во тек се рочишта за определување на притвори на осомничените за трагедијата во Кочани
Јавното обвинителство ќе поднесе барање за притвор за осум лица по повод трагедијата во Кочани. Засега листата на осомничени не е проширена. Дел од осомничените се починати, а дел од нив се со тешки повреди во болница.
„Во тек се рочишта за определување притвори, бројката засега е иста од последната информација синоќа. Во текот на денот ќе известуваме за други дејствија кои се преземаат“, велат од ЈО.