Ѓоковиќ ја освои Атина и постави уште еден рекорд
Новак Ѓоковиќ по голема борба со 2-1 (4-6, 6-3, 7-5) во сетови го совлада Лоренцо Мусети во финалето на турнирот во Атина и дојде до 101. титула во кариерата.
Мусети подобро го започна мечот, со еден освоен брејк го зема сетот со 6-4 и поведе со 1-0.
На ист начин, со еден освен брејк Ѓоковиќ го доби вториот сет, тој со 6-3 за израмнување на 1-1.
Третиот, решавачки сет беше необичен и драматичен, Ѓоковиќ загуби два свои сервиси, Мусети три, Србинот го доби сетот со 7-5 и се израдува на нов трофеј.
Ѓоковиќ постави нов рекорд, 72 освоени титули на тврда подлога. Досега беше израмнет со Роџер Федерер со по 71 титула на ваков терен.



