Спорт

Ѓоковиќ по три години се враќа во Синсинати

Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на мастерсот во Синсинати. Тоа ќе биде прв негов настап на овој турнир од 2023 година.

Најдобриот тенисер во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе игра на турнирот кој го пропушти во изминатите две години. Првиот пат поради пауза по освојувањето на олимпиското злато, а минатата поради повреда.

„Се радувам што ќе играм во Синсинати првпат по 2023 година кога го одиграв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнирите во мојата кариера“, рече Ѓоковиќ и се потсети на победата над Карлос Алкараз.

„Не можам да дочекам да се вратам и да заиграм пред вас, многу сум возбуден и се радувам што ќе се дружам со навивачите. Се гледаме наскоро“.

Ова ќе биде 16. учество на Ѓоковиќ во Синсинати. Досега одигра осум финалиња, освои три трофеи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons