Спорт

Ѓоковиќ откри кога и како сака да ја заврши тениската кариера

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во разговор за шпанските медиуми откри како и кога сака да ја заврши кариерата.

Ѓоковиќ сака кариерата да ја заврши во 2028 година со настап на Олимписките игри во Лос Анџелес.

„Мислам дека настапот во Лос Анџелес ми е сон, но и голема желба. Кажав неколку пати досега дека сакам да стигнам до Олимписките игри во 2028 година, но ќе видиме што ќе се случи и како ќе реагира моето тело. Денес не играм и не се натпреварувам на неколку турнири, а така се решив зашто сакам да бидам посветен на различните улоги кои ги имам во животот како татко, сопруг, син или брат. Моја желба е да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес, со српско знаме на рамениците и така да ја завршам кариерата“, кажа Ѓоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons