Спорт

Ѓоковиќ има нов тренер на турнирот во Монте Карло

Енди Мареј нема да биде тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на АТП, братот на Новак, Марко Ѓоковиќ ќе биде во неговата ложа за време на турнирот.

Марко и самиот беше тенисер, а најдобар пласман му беше 571. место на АТП листата.

Мареј беше тренер на Ѓоковиќ на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а се очекува lШкотланѓанецот да се врати во споменатата ложа на Мастерсот во Мадрид. Ѓоковиќ во интервјуто за Спорт Клуб откри кој ќе биде во улога на тренер.

– Енди нема да дојде неделава, брат ми Марко е тука во улога на тренер. Ќе се видам со Енди подоцна во Мадрид. Размислував кој може да го замени, Марко беше во можност и тоа ќе ми помогне на поинакво емотивно ниво. Ќе поминам малку време со брат ми на пат – изјави Ѓоковиќ.

Финале на тврда подлога во Мајами, па навикнување на земјена подлога:

– Драго ми е што успеав да го вратам уживањето на теренот и нивото на игра, да видиме дали тоа ќе го пренесам на земјена подлога. Тоа е друга подлога, нема да имам многу време да се навикнам на турнирот и затоа моите очекувања овде не се големи – се зборовите на Ѓоковиќ.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons