Свет

Што е тоа што Финците ги прави најсреќни луѓе на светот? 

Психологот Френк Мартела откри три работи што Финците никогаш не ги прават. Финска е најсреќата земја на светот според истражувањата и тоа неколку години по ред. Мартела објасни дека луѓето често го прашуваат зошто Финците се толку задоволни од својот живот, а тој одлучил да сподели три работи што припадниците на оваа нација никогаш не ги прават.

Тие не се споредуваат со соседите. Мартела вели дека еднаш на улица видел еден од најбогатите луѓе во земјата како го турка својот син во количка до трамвајската станица, без разлика што има пари и за количката и за возачот, едноставно решил така. 

Тие ги користат придобивките од природата. Истражување од пред неколку години, покажа дека дури 87  отсто од Финците веруваат дека природата е многу важна затоа што им дава мир, им ја враќа енергијата и им овозможува да се релаксираат. Ова многу е блиску до многумина бидејќи зеленило има и во големите градови. Една специфична работа што се однесува на одморите, затоа што вработените во Финска имаат право на четири недели летен одмор и една недела зимски одмор, па многумина го користат летниот одмор за да излезат во природа и да се исклучат од мрежата.

Финците не се сомневаат во другите, но имаат доверба. Статистиката покажува дека луѓето се посреќни кога има поголем степен на меѓусебна доверба во една земја, а тоа важи и за чесноста и правичноста. Експериментот „изгубен паричник“ лани покажа дека во Хелсинки 11 од 12 паричници се вратени на сопствениците.

Првите седум најсреќни земји во светот се северноевропските држави. По Финска се Данска со 7.620, Швајцарија со 7.571, Исланд со 7.554, Холандија со 7.464, Норвешка со 7.392 и Шведска со 7.363 бодови.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons