МакедонијаНајново

Штипските пекари продаваат леб и за 30 денари 

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот Во Штип леб се продава за 3 денари поевтино од законскиот минимум,  а рафтвите во пекарите се полни.

– Лебот се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Немаме проблем со производство и со дистрибиција на леб во Штип. Ние не се придржуваме кон заканите, бидејќи ние мора да произведуваме за Штип и околината, изјави Николче Малинов, сопственик на пекара.

Граѓаните сметаат дека никој не смее да се заканува со недостаток на основниот прехрамбен продукт.

– На пекарите треба да и ги затворат фирмите и никогаш да не отворат повеќе, зашто се закануваат на народот. Тоа не е во ред. Значи не можаѕ тие да си играат играчки со народот и да го заплашуваат – анкета.

По најавата дека леб ќе нема, некои штипјани побрзаа со складирање на залихи, а други се подготвени самите да си месат.

– Вчера си земав 6 леба, си ги ставив во фрижидер и сега за 2-3 дена ќе си имам.

– За цела недела земаат и полнат во фрижидерите.

– Ако нема, ќе си месиме дома.

– Ќе си месиме, да, анкета штипјани.

Мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот ќе важи до крајот на месец мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons