Спорт

Шпанија без двајцата капитени на Светското првенство

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го достави поширокиот список за настап на Светското првенство.

Најголемо внимание привлече изоставувањето на двајца искусни репрезентативци, Алваро Мората и Дани Карвахал.

Иако со години беа важен дел од националниот тим, овојпат двајцата останаа без место меѓу избраниците на шпанскиот селектор. Причина за тоа се проблемите со формата, честите повреди и малата минутажа во клубовите.

Мората не ја оправда довербата ниту во клупскиот дрес, откако во сезоната со Комо постигна само еден погодок. Искусниот напаѓач имаше и пауза поради повреда, па очигледно не успеа да се избори за место во плановите на Де ла Фуенте, иако беше капитен на Шпанија во финалето на Европското првенство против Англија.

Во слична ситуација е и Карвахал. Дефанзивецот на Реал Мадрид мина низ турбулентна сезона исполнета со повреди и одигра помалку од 900 минути. Искусниот бек сè уште закрепнува од скршеница на стапалото и нема да биде подготвен за настап на Мундијалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons