ШОКАНТНА ВЕСТ-БОМБА КАШИКАРА фрлена во училишен двор: За среќа бомбата не експлодирала
Неексплодирана направа е пронајдена во дворот на средното медицинско училиште „Сестри милосрдни“ во Мостар, поради што наставата утрово не започна според планираното. Босанскиот медиум Bljesak.info први биле на терен и направиле и фотографии од рачната бомба и од училишниот двор.
Како што изјави за Н1 портпаролот на МВР на ХНК Људевит Мариќ, утврдено е дека се работи за бомба „кашикара“, а по нејзиното безбедно отстранување ќе се води истрага како стигнала до училишниот двор.
Подолг период јавноста е вознемирена поради дојави за подметнати бомби во училиштата во скоро сите земји на Балканот, но денешниот случај не е во никаква корелација со претходните случаи.