Актуелно

Цената на електрична енергија се намалува за оние што помалку трошат, поскапува за оние што не штедат 

Регулаторната комисија за енергетика ги објави прифатените трошоци според кои се формира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на вчерашната подготвителна седница. Истите треба официјално да се објават во текот на оваа недела, но веќе е прикажано дека цената која ќе ја наплаќа универзалниот снабдувач ќе поевтини само за првите два тарифни блокови кој имаат лимит до потрошени 210, односно до 630 киловатчасови, додека ќе поскапи за останатите два блока.

Цената во првиот блок од 4,7257 денари се намалува на 4,2609 денари, а во вториот од 5,1578 се снижува на 4,8936 денари. Третиот блок од 6,0563, поскапува на 6,3345 денари, додека цената на четвртиот блок се зголемува од 16,1336 на 16,6453 денари.

Ова според РКЕ ја прави просечната цена на ЕВН Хоме од 1 јули да изнесува а 4,3268 денари по киловатчас, што е нешто поевтино од вкалкулираниот просек од  4,4046 денари одреден пред половина година. Ќе има и мало зголемување на цената за малите потрошувачи, односно за фирмите.

Според она што може да се види од другите релевантни пресметки, цената на мрежарината за Електродистрибуција минимално се зголемува, додека значително ќе се намали трошокот за пренос на електрична енергија. Останува да се види како ќе се вкалкулираат сите овие одобрувања во конечната цена во сметките.

Она што е јасно е дека нема да има враќање на евтината попладневна тарифа, иако претходно се најавуваше такво нешто, а од друга страна ќе има зголемување на ДДВ-то на самите фактури од 10 на 18 отсто.

– Во декември кога носевме одлуки, намаливме цена за домаќинства, намаливме цени за мали потрошувачи. Тука зборувам без ДДВ. Ќе има одредено намалување, но не можеме да влијаеме на промената на ДДВ-то, гласи последната изјава на МАрко Бислимовски, претседателот на РКЕ, вчера во Аргумент плус на Телевизија 24.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons