Хеликоптер се урна во предградие на Атина, сите четворица патници и пилотот се спасени
Приватен хеликоптер се урна денес во близина на пристаништето Вулијагмени, јужно од Атина, објавија грчките власти.
Според првичните информации од грчкото Министерство за бродарство, пет лица од леталото се спасени, објавува Катимерини.
Четирите странци и грчкиот пилот се во добра здравствена состојба, се вели во соопштението на министерството.
Хеликоптерот падна во море за време на обид на пилотот да слета на аеродромот „Астерас“ во Вулијагмени.
Според првичните информации, хеликоптерот слетал на хелиодромот на пристаништето и кратко потоа се обидел да полета, меѓутоа, само неколку секунди по полетувањето, одеднаш се урна, од причини кои засега се непознати, објавува порталот „Прототема“.
На местото на настанот пристигнале крајбрежната стража, противпожарната служба и полицијата, а нуркачите успешно извлекле пет лица од леталото.