Хамилтон е разочаран од сам себе: Болидот е способен за пиедестал, јас не
Луис Хамилтон доживеа ново разочарување на Големата награда на Саудиска Арабија завршувајќи ја трката на седмото место по што беше видно револтиран во разговорот со новинарите кој траеше само 32 секунди.

Британецот кој освои седум шампионски титули со Мерцедес не го критикуваше болидот, туку самиот себе си.
На прашање дали постои нешто позитивно во неговото возење по промената на гумите, кратко одговори „Не. Немаше ниту една секунда кога се чувствував удобно“.
На прашањето колку му е тешко да го контролира болидот имаше интересен одговор. „Очигледно дека болидот е способен за пиедестал, Чарлс си ја заврши работата денеска, така да не можам да го кривам болидот“, вели Хамилтон кој не знае зошто толку се мачи.