ФФМ ги одреди цените и објави кога почнува продажбата на билети за мечот со Швајцарија
ФФМ потврди дека на 10 септември започнува продажбата на билети за дуелот меѓу Македонија и Швајцарија во Лигата на нации.
Натпреварот е закажан за 26 септември на Националната арена „Тодор Проески“, а билетите ќе чинат од 500 до 1.800 денари, зависно од блокот и позицијата. ВИП билетот е 3.000 денари. Продажбата ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ.
За гостувањето кај Словенија на 29 септември, билетите ќе бидат достапни од 14 септември. Дополнително ќе бидат објавени информациите за билетите за средбите со Шкотска и Швајцарија во октомври.



