Магазин

(Фото) Зоолошката градина во Скопје има нови жители, се родија две бебиња од загрозениот вид бели волци

Во Зоолошката градина во Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos). Стари се три недели, а белата боја како своите родители ќе ја добијат со текот на времето. 

„Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Во многу земји на ЕУ овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција“, соопштија од Зоолошката градина во Скопје. 

Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.

Познати се и како поларни волци или бели волци. Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons