Актуелно

Училишната година ќе заврши на 14-ти, а не на 9-ти јуни 

Наместо на 9-ти учебната година ќе заврши на 14-ти јуни. Ќе се учи три дена повеќе за се одработат 180-те наставни дена. Причина за ова е продолжувањето на зимскиот распуст, информираат од Министерството за образование.

„18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните, а 20-ти јануари е петок, па одлучивме второто полугодие да почне во понеделник, на 23 јануари. За да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие, учебната година ќе заврши на 14 јуни. Не гледам причина да има некаков проблем“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

И од Комисијата за заразни болести сметаат дека второто полугодие треба да почне идниот понеделник иако периодов има голем број болни деца од грип и останати сезонски вируси. Од Комисијата велат дека за сега епидемиолошката состојба според сите извештаи на ИЈЗ е стабилна и вообичаена за овој период од годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons