Трагедија: Мајка и дете се удавија во поплавите во Косово
Мајка и нејзиното петгодишно дете загинаа во поплавите во Пеќ, соопшти косовската полиција.
Смртта на детето во населбата „Аслан Ќешме“ синоќа околу 23.10 часот ја констатирала медицинската екипа на болницата во Пеќ, а подоцна полицијата соопштила дека без знаци на живот е пронајдена и неговата исчезната мајка.
Уште две лица се повредени во поплавите во Пеќ и се пренесени во болница.