МакедонијаНајново

ТОЈ ШТО ГО НАПУШТИЛ, НЕМА ПОВЕЌЕ ДА ЧУВА КУЧЕ? Предложениот закон предвидува казни до 5.000 евра

Предложените измени доставени во надлежното министерство предвидуваат воведување задолжителна стерилизација и строга контрола на одгледувачниците со засилени инспекции од повеќе типови инспектори. Едно животно ќе смее да има само едно легло годишно. Сопственикот кој го напуштил миленикот нема да може повторно да чува животно. 

Сопственик што ќе го напушти миленикот ќе добие трајна забрана да чува друго животно. Новите измени на Законот за заштита на животните предвидуваат казни до 5.000 евра за суровост и до 400 евра за несоодветно чување куче, пишува Вечер Пресс.

Измените ги подготвува Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се намали бројот на бездомни кучиња и да се воведе поголема контрола. Најавени се и јавни расправи за темата.

Исто така, предложените измени доставени во надлежното министерство предвидуваат воведување задолжителна стерилизација и строга контрола на одгледувачниците со засилени инспекции од повеќе типови инспектори. Едно животно ќе смее да има само едно легло годишно.

Се забранува неконтролирано размножување, продажба и подарување миленици, како и нивно држење врзани без движење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons