Спорт

Тони Паркер во Асвел доведе македонски репрезентативец

Македонскиот репрезентативец Нејт Сестина од следната сезона ќе го гледаме во Евролигата. Американецот денеска и официјално беше потврден како ново засилување на Асвел.

Сестина со францускиот клуб потпиша двегодишен договор и ќе биде дел од тимот кој го предводи легендарниот Тони Паркер.

За Сестина ова е ново поглавје во европската кариера. Американскиот кошаркар, кој летово го имаше своето деби за македонската репрезентација, претходно настапуваше и за Фенербахче.

Минатата сезона ја помина во Италија, каде што го носеше дресот на Олимпија Милано, а сега го очекува нов предизвик во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons