Талентиран Хрват го исфрли Ѓоковиќ на стартот на Мастерсот во Рим
Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација на Мастерсот во Рим, откако во првиот меч загуби од младиот хрватски тенисер Дино Призмиќ со 2-1 во сетови.
Хрватот до големата победа стигна по пресврт, откако Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-2. Призмиќ потоа возврати со 6-2 и 6-4 за најголем триумф во својата кариера.
Ова беше прва победа на Призмиќ против српскиот ас, кој претходно го совлада на Австралија Опен во 2024 година. Воедно, Ѓоковиќ го доживеа и првиот пораз од хрватски тенисер на земјена подлога.
Српскиот тенисер во Рим настапи по пауза од два месеци, а останува да се види дали пред Ролан Гарос ќе игра и на турнирот во Женева.



