Актуелно

Собрание: Повторените избори во 4 општини ќе се одржат според роковите од Изборниот законик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од кабинетот на Гаши.

„Процесот на распишување на изборите не е воден од индивидуални преференции или предлози, туку од два фундаментални принципа – задолжителното почитување на законските рокови од Изборниот законик, вклучувајќи ги и новите одредби од член 132-а, донесени во март 2024 година; и проценката и подготвеноста на Државната изборна комисија, како надлежна институција за организирање и спроведување на изборниот процес“, велат од Кабинетот на Гаши.

Во овој контекст, додаваат дека претседателот на Собранието веќе одржа два работни состаноци со претставници на ДИК, со кои беа разгледани сите правни и оперативни аспекти поврзани со повторувањето на процесот во овие општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons