МакедонијаНајново

Со законски измени пензионирани лекари ќе можат да работат до 70 години

Министерот за здравство Азир Алиу при посетата на Општата болница со проширена дејност во Дебар најави законски измени со кои пензионираните лекари и медицински сестри ќе можат да продолжат со работа до 70-годишна возраст.

Тој истакна дека здравствениот систем се соочува со недостиг на кадар, особено лекари и медицински сестри, поради што искуството на пензионираните здравствени работници е од големо значење.

Сите лекари и сестри кои ќе поднесат барање во установите каде што има недостиг ќе можат да продолжат со работа до 70 години. Ќе примаат пензија, но и дополнителна плата – изјави Алиу, додавајќи дека целта е да се намали кадровскиот дефицит во здравството.

Според него, законските измени се во владина процедура и се очекува да бидат усвоени во рок од еден месец.

Тој најави и втора фаза од реформите, која предвидува ангажирање лекари од дијаспората преку дигитални и онлајн услуги, како дел од процесот на оптимизација и дигитализација на здравствениот систем.

 – Имаме голем број стручњаци во дијаспората кои можат да придонесат, дури и на далечина, а некои од нив се подготвени да работат и волонтерски – додаде министерот.

За време на посетата, Алиу го означи и почетокот на пилот-проект за телемедицина во областа на дерматовенерологијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons