Македонија

Снегот предизвика проблеми на патиштата – заглавени камиони на Стража, забрана за тешки возила на сите превои

На сите поголеми превои во западна Македонија вечерва има забрана за сообраќај на тешки товарни возила, откако овој дел од државата го зафатија обилни врнежи од снег.

На превојот Стража, еден од најкритичните патишта за сообраќај, два камиона се заглавиле во снегот и го блокирале сообраќајот, што предизвикало значителен застој, објави „Канал 5“. 

Претходно, „Македонијапат“ соопшти дека поради сообраќајна незгода, во прекин е и сообраќајот на патот Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково. Според „Плусинфо“, на патот Маврово-Дебар се превртел автомобил, кој претходно се излизгал поради мразот на патот. За среќа, во несреќата нема повредени.

Силни врнежи од снег има и на автопатот од Скопје до Гостивар, а отежнато е и движењето на Плетвар. Од попладнево забрана за тешки товарни возила е воведена и на патот Прилеп-Македонски брод.

Попладнето околу 15 часот, пак, на автопатот Скопје-Тетово возило излета од коловозот и заврши надвор од заштитната ограда.

Од МВР велат дека надлежните институции постојано работат на расчистување на патиштата, а полицијата е на терен за да се зајакне безбедноста на граѓаните. Полицијата апелира до сите возачи да бидат внимателни, да ја прилагодат брзината спрема условите на патот и да се придржуваат до сообраќајните правила.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons