МакедонијаНајново

Скопје станува светска винска престолнина на 4 октомври – Светски ден на вранецот

Здружението „Вина од Македонија“, на 4-ти октомври, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе биде домаќин на 7-мото издание на Светскиот ден на вранецот (Vranec World Day). Оваа година винскиот салон се одржува под мотото: „Каде што виното се среќава со уметноста“, и гордо ја слави винската сорта вранец, претставувајќи го Балканот пред светот како вински регион во подем.

Овој уникатен настан ги обединува најреномираните винари, јавни личности, љубители на вино и гастрономи од целиот регион. Присутните ќе можат да уживаат во дегустации на врвни вина, културна програма, музика и дружење со водечките имиња од винскиот свет.

Пред одбележувањето на Светскиот ден на вранецот, „Вина од Македонија“ ќе организира Научна конференција за Вранец, која ќе се одржи на 3 октомври во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје. Конференцијата претставува единствена платформа што ги спојува науката, виното и уметноста, а на неа врвни научници и истражувачи од Македонија и регионот ќе ги презентираат најновите сознанија и истражувања за автохтоната сорта вранец.

Секоја година вранецот ја поставува Македонија на светската винска мапа како амбасадор на квалитет и автентичност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons