Скопје сеуште без новогидшно украсување
Се наоѓаме во втората недела од декември и празничниот дух се уште недостасува по улиците на главниот град. Ги нема празнични светилки и украси на плоштадите и булеварите.
„10 декември и не изгледа ништо поразлично од секојдневието во годината што ја оставаме зад нас, затоа што централниот плоштад и ниту еден булевар во Скопје не е украсен за празнична атмосфера на крајот на годината. Граѓаните се револтирани што не уживаат во атмосферата што ја нудат новогодишните празници и бараат од надлежните барем да го украсат плоштадот“, известува Аднан Ќаили, новинар.
Граѓаните со бројни критики до надлежните за немањето празнично украсување.
Од Град Скопје велат годинава ќе штедат на новогодишно украсување. Минатата година Скопје почна да се украсува по 15 декември. За оваа година останува да почекаме и да видиме дали ќе има радост и празнична магија на централниот плоштад во главниот град! Тирана веќе беше украсена за националните празници во ноември. Во меѓувреме, на плоштадот Мајка Тереза во Приштина поставена елка која го привлече вниманието на минувачите. И главниот булевар „Џорџ Буш“ во Приштина е претворен во шеталиште со дрвени куќички што нудат различна содржина на посетитетлите. За новогодишната ноќ се очекува организиран дочек на плоштадот, со повеќе изведувачи и огномет.