Скандал го тресе турскиот фудбал – Мурињо во центарот на вниманието!
Голем скандал ја потресе турската фудбалска сцена, откако во јавноста „протекоа“ пораки од „ВатсАп“, во кои членови на Дисциплинската комисија отворено дискутирале за Фенербахче и Жозе Мурињо.
Поради содржината на пораките, во кои се спомнува и планирана „одмазда“ кон португалскиот стратег во наредната сезона, претседателот на Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турција, заедно со неколку членови на телото, поднесе оставка.
Ќе потсетиме, Мурињо во текот на сезоната остро ги критикуваше челниците на турската фудбалска федерација и раководството водството на лигата, алудирајќи на неправедни и спорни судиски одлуки кои, според него, го оштетиле Фенербахче.
Клубот од Истанбул експресно реагираше по објавата на контроверзните пораки, обраќајќи се преку социјалните мрежи и јавно побара одговорност од надлежните за, како што наведоа, „сериозен напад врз интегритетот на натпреварувањето и клубот“.