Серундоло го елиминираше првиот носител Зверев во Мадрид
Аргентинскиот тенисер Франциско Серундоло вечерва се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, откако го победи вториот светски рекет и прв носител на турнирот Александар Зверев со 7:5, 6:3.
Серундоло, кој е рангиран на 21 место на АТП листата, го победи германскиот тенисер за еден час и 29 минути.
Единствениот брејк во првиот сет беше забележан во 12 гем, кога Серундоло ја искористи втората можност и поведе со вкупен резултат од 1:0.
Во вториот сет, Серундоло направи клучен брејк во вториот гем, а потоа без многу проблеми ја зачува својата предност и го елиминираше двократниот шампион на Мастерс турнирот во Мадрид (2018 и 2021).
Серундоло ќе игра против Чехот Јакуб Меншик, 23 тенисер во светот, во четвртфиналето.