Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра за титулата на ИТФ турнирот во Грција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го дели уште еден триумф од освојување на трофејот во Хераклион, Грција.

Нашиот натпреварувач, кој е трет носител на турнирот, денеска во полуфиналето за скоро два часа игра го совлада Италијанецот Андреа Гуериери со 7:6 (5) и 6:3.

Противник на Ивановски во големото финале ќе биде победникот од второто полуфинале помеѓу првиот носител Себастиан Гима (Романија) и четвртиот носител Павел Неједли (Чешка).

Македонецот до сега на турнирот покрај Гуериери, ги елиминираше и Јеничек од Чешка, Германецот Ванкан и Никод исто така од Чешка.

Ивановски претходно овој месец исто така настапи на уште еден турнир во Хераклион, но беше елиминиран уште на стартот од Финецот Лофман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons