МакедонијаНајново

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%

Сметките на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за околу 3%. Точните пресметки во моментов ги прави ПИОМ и според првиот човек на институцијата, ќе се знаат до крајот на следната недела.

Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50% од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од инфлацијата, во споредба со бројките од второто полугодие лани,  покачувањето би било од 600 за најниските до 1,500 денари за највисоките пензии. Најголем број пензионери земаат од 20 до 24 илјади денари  – зголемувањето кај нив ќе биде до 750 денари.

Најнсиките пензии ќе бидат повисоки за 600 денари, а до 1,200 на возрасните чии месечни примањасе движат од 30 до нешто под 47 илјади денари. Просечната пензија, која во јуни изнесувала изнесувала 28,103 денари ќе биде зголемена за 843 денари.

Изминативе две години, од 2024 до 2026, со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт, пензиите линеарно се зголемија 4 пати, два пати по 2,500 и 2 по 1.000 денари. Вкупно сите пензионери добија по 7,000 денари покачување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons