Актуелно

Седум пациенти се враќаат во Македонија: По пожарот во Кочани 48 лица се лекуваат во странство, седум во земјава

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски” еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница „Систина”.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons